Француски лекар: Не требаше да се одигра натпреварот Лион-Јуве! (ВИДЕО)

фото: твитер

Овој натпревар е одигран на 26 февруари, а Гаригу-Грандшам вели дека на овој меч дојдоа навивачи на Јувентус од цела Италија, а не само од регионот Пиемонт.

Француски лекар во пензија и шеф ка локален синдикат смета дека натпреварот во Лигата на шампионите е „виновен“ за ширењето на коронавирусот во Франција.

Според зборовите на Марсел Гаригу-Грандшам истакна дека дуелот од најелитното европско фудбалско натпреварување не требаше да се одигра, пишува „Л`Екип“.

Овој натпревар е одигран на 26 февруари, а Гаригу-Грандшам вели дека на овој меч дојдоа навивачи на Јувентус од цела Италија, а не само од регионот Пиемонт.

– Тој натпревар не требаше да се одигра. На истиот дојдоа навивачи од целата Италија, не само од Пиемонт, кој во тој момент не претставуваше ризик – рече Гаригу-Грандшам.

„Л`Екип“ се повика на изјавата на претстаникот на Светската здравствена организација од Италија, Валтер Рикиарди кој смета дека дуелот меѓу Аталанта и Валенсија придонесе за ширење на коронавирусот во Ломбардија што подоцна се дефинираше како „биолошка бомба“.

Во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите Лион триумфираше со 1:0 против Јувентус, а реваншот е одложен поради пандемијата.

„Ле Паризиен“ во меѓувреме во фокус го стави мечот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд кој беше одигран пред празни трибини, но повеќе од илјада навивачи се собраа пред стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот