Француската железница се заканува со штрајк и за Божиќ

Фото: ЕПА

Најголемиот француски железнички синдикат се закани дека ќе го продолжи штрајкот против пензиската реформа на владата и за Божиќ, уништувајќи го Божиќниот дух на стотици илјади потенцијални патници.

Државната железничка компанија СНЦФ побара околу 200.000 луѓе да ги заменат патните билети за 23 и 24 декември, па дополнително ги зголеми тензиите откако ги укина специјалните билети за деца.

Некои синдикати повикаа на кратко да се стави во прекин штрајкот, но тврдокорниот синдикат ЦГТ инсистира на тоа штрајкот да продолжи.

Протестите траат повеќе од две недели

Протестите против пензиската реформа на претседателот Емануел Макрон траат повеќе од две недели, нарушувајќи ги возните редови низ целата земја и јавниот превоз во Париз.

Макрон сака да ги укине досегашниоте 42 различни пензиски шеми и да воведе само една.

Повеќето Французи не ги сакаат предложените измени

Париз понуди отстапки во форма на подолги периоди на транзиција за промени во пензиските шеми, но лидерите на синдикатот не се задоволни.

Според неодамнешното истражување на Елабеа, повеќето Французи, 57 проценти, се спротивставуваат на предложените измени.

Според планот на СНЦФ, само околу 41 процент од брзите возови TGV ќе сообраќаат на 23-24 декември.

Луѓето ќе треба да ги променат купените билети

Од околу 400.000 луѓе кои купиле билети за тие два дена, на половина ќе им биде потврдено патувањето, додека останатите ќе треба да ги заменат билетите.

SNCF ги суспендираше билетите за деца од 4 и 14 години, кои патуваат без придружба, оправдувајќи го овој потег од безбедносни причини во преполните возови.

Сепак, се шпекулира дека СНЦФ го сторил тоа, со цел да ги продаде овие билети по повисока цена на возрасните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот