15 C
Скопје

Француската влада најави помош од една милијарда евра за земјоделците погодени од пролетниот мраз

Земјоделските култури во Франција се тешко погодени од ниските температури во земјата скоро две недели, особенолозјата и овоштарниците, по што премиерот Жан Кастекс најави создавање „исклучителен фонд за солидарност” од една милијарда долари, јави дописникот на МИА од Париз.

-Државата мора да биде на висината на оваа катастрофа. Во исклучителна ситуација, исклучителни мерки. Дојдов да објавам значителен напор од државата, во износ од една милијарда евра, бидејќи ситуацијата го оправдува тоа, изјави Кастекс на крајот од тркалезната маса со земјоделските претставници и локални политички раководители во Монтањак, во Херо. Овој фонд е во прилог на целата друга исплатена помош и ќе се активира според претрпените „реални загуби”, што ќе бидат пријавени во наредните месеци од производителите.

Премиерот се осврна и на другите итни мерки, „кои брзо ќе бидат распоредени”: одложување и ослободување од социјални придонеси, ослободување од данок на имот на неизградено земјиште, мобилизација на постојните механизми во смисла на делумна активност, плик за вонредни состојби доделени „во рок од десет до петнаесет дена” до префектите за да им се обезбеди непосредна поддршка на фармите со најголема тешкотија … Надоместокот за овоштарите во системот на земјоделски катастрофи ќе се зголеми на 40 отсто за најзначајни загуби. За секторите кои во моментов не се опфатени со овој режим на земјоделски катастрофи, особено лозарите, ќе се спроведе слична поддршка.

Дејствувајќи „брзо”, „Владата презеде мерка за тежината на ситуацијата”, изјави Кристијан Ламберт, претседател на главниот земјоделски сојуз, ФНСЕА.

– Ова се добри најави, со мерки за помош од Министерството за финансии, исклучителен фонд за компензација на нашето климатско затворање, слично на санитарното затворање на рестораните поради Ковид-19 …, рече тој.

Најмалку третина од производството на француско вино „ќе се изгуби” поради мразот, што претставува „околу две милијарди евра помалку обрт” за овој сектор, според првата проценка соопштена во петокот од генералниот секретар на ФНСЕА, Жером Деспеј.

Што се однесува до производителите на овошје, загубата на производството на кајсии во оваа фаза се проценува на 60 отсто.

– Ризикуваме да имаме кајсии на почетокот на сезоната и колку повеќе одиме во сезоната, толку помалку ќе има, објасни Бруно Дарно, претседател на производителите на праски и кајсии на Франција.

Како што рече , за праски и нектарини, се надеваат на берба од 60-65 отсто.

Во однос на јаболката, Даниел Соваитре, претседател на Националното здружение на производители на јаболка и круши, ијави дека минималните загуби ќе бидат околу 30 отсто, а во најлош случај може да бидат 50 отсто.

– Историски гледано, половина берба никогаш не се случила, забележува тој.

Според Дарно, Франција може да очекува оваа година да изгуби половина од производството на овошје, што е загуба од 1,5 милијарди евра.

За културите на репка, загубите се проценуваат на 10 отсто од вообичаената бројка.

Се проценува дека за овие култура  загубата на родот изнесува вкупно 600 евра недостиг по хектар, според синдикатот на производителите на репка. 

Поврзани вести

Нова скандалозна порно-група со слики и видеа: На Телеграм се појави „Перверзии на Балканот“

Слободен печат

Лајчак: Несомнено за Косово, успех во дијалогот значи да се стане земја кандидат за ЕУ

Слободен печат

Германија, Шпанија и Франција заедно ќе развијат нов борбен авион

Слободен печат

Регионален ковид-19 пресек: Мал пад на бројот на нови инфекции

Слободен печат

Бугарски брачен пар заврши зад решетки во Германија: Продавале новороденчиња во Грција

Слободен печат

Маск: Старлник услугата ја нарачаа половина милион луѓе

Слободен печат

Остави Коментар