Француската Влада е „оптимист” за еволуцијата на епидемијата на Ковид-19

Лица со заштитни маски / Фото: Архива

Министерот задолжен за односи со Парламентот, Марк Фесно во интервју за радио Еуроп 1, посочи дека „во оваа фаза” епидемијата е под контрола во Франција, дури и ако „стравот” од втор бран сè уште е присутен, јави дописникот на МИА.

Иако Фесно не сакаше премногу брзо да ја прогласи победата, сепак, истакна дека Владата е „оптимист” за еволуцијата на епидемијата. Речиси две недели по прогресивното излегување од изолацијата, многумина стравуваа од појава на втор бран. Ова барем засега не се гледа.

– Во моментов додека разговарам со вас, бројот на нови случаи останува стабилен и е во пад. Бројот на хоспитализирани лица или на интензивна нега се намалува неколку недели. Во оваа фаза, очевидно, го совладавме порастот на епидемијата, рече тој, истовремено потенцирајќи дека секогаш постои „страв” од втор бран.

Министерот ја поздрави одлуката на Владата да го ограничи движењето на целото население уште во март. Министерот смета дека извршната власт може „да се гордее со тој потег”, велејќи дека оваа одлука, без преседан во период на мир, ја „запре прилично неверојатната и експоненцијална” прогресија на епидемијата. Марк Фесно притоа го даде примерот на земји, како што е Бразил, кои „направија избор на неизолација и кои денес се соочени со многу остар епидемски врв”.

– Направивме избор да го заштитиме населението колку е можно повеќе. Мислам дека тоа е среќна вест и е многу добро за човештвото и она што го носи како вредности, заклучи Фесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот