Француската полиција смета дека Марин Ле Пен е одговорна за фиктивни вработувања на асистенти во ЕП

Фото: ЕПА/МИА

Неделникот Журнал ди Диманш (ЖДД) ги открива наодите од извештајот на полицијата од Централната канцеларија за борба против корупција, финансиски и даночни прекршоци во врска со истрагата за сомневање за фиктивно вработување на асистенти на европратеници од Националниот собир (РН), поранешен Национален Фронт. Според овој извештај, Марин Ле Пен е назначена како „директно одговорна” за воспоставениот систем за измама, јави дописникот на МИА.

По пет години истрага, Марин Ле Пен се најде во центарот на обвинувањата во случајот за сомневањата за фиктивни работни места на асистенти на европратеници од РН. Според „Журнал ди диманш”, полициските функционери од Централната канцеларија за борба против корупцијата и финансиските и фискалните престапи инсистираат во збирниот извештај од 15 февруари за улогата на лидерката на партијата, која би била организатор и корисникот на воспоставениот „измамничкиот систем”.

Истрагата беше отворена во март 2015 година и беше доверена на крајот на 2016 година на финансиските истражни судии од парискиот суд. РН и нејзините лидери се осомничени дека имаат проневерено фондови доделени од ЕУ на секој пратеник за да ги плаќа своите парламентарни соработници, но овие соработници всушност работеле за партијата ФН. Европскиот парламент, граѓанска странка, ја процени својата штета на 6,8 милиони евра во овој случај. Околу 25 европратеници сегашни и поранешни и асистенти, меѓу кои и Марин Ле Пен, Жан-Мари Ле Пен и партиски функционери, се обвинети за овој случај.

Овој извештај, кој беше доставен до судијата што ја води истрагата Клер Тепо, забележува дека РН „преку своите директори и кадри воспостави измамнички организиран систем на проневера на европски фондови за негова корист, преку фиктивни работни места на парламентарни асистенти”. Сè уште според ЖДД, полициајците „веруваат дека откриле доволно докази за 17 лидери, пратеници и блиски до РН да бидат гонети за„ проневера на јавни средства “или за приривање на ова дело.

ЖДД посочува дека извештајот содржи неколку декларации кои придонесуваат „да се претстави Марин Ле Пен како директна одговорна” на овој измамнички систем. Адвокатот на поранешната претседателска кандидатка, но и најавена кандидатка за 2022 година, Родолф Боселут, уверува дека таа „никогаш не воспоставила измамнички систем”. „Сите парламентарни асистенти на Европскиот парламент наведени во упатството работеле во еден или друг момент”, рече тој.

Во случај да предметот се најде на суд, за тоа ќе биде потребно многу време и судењето нема да ја попречи Марин Ле Пен да биде кандидатка за претседател на Франција во 2022, мога многу анкети ја даваат за финалист и со изгледни шанси да биде избрана за претседател на Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот