Француската полиција автоматски ќе ја одземе возачката на возачите кои го прават ова

Обврската да се обезбедат алко тестови во ноќните клубови е зајакната  и сега ги изложува сторителите на парична казна од 135 евра.

Француските власти надлежни за безбедноста на патиштата објавија дека започнуваaт да спроведуваат нови мерки, кои предвидуваат многу построги санкции за употреба на телефон при возењето, јави дописникот на МИА.

Од овој петок, ако некој направи сообраќаен прекршок и во тоа време го држел својот мобилен телефон во рака, возачка дозвола автоматски ќе биде задржана.  

Покрај 72 часа на задржување, префектот може да изрече суспензија до шест месеци, па дури и една година во случај на несреќа, возење под дејство на алкохол или при употреба на наркотик. Драстична, но неопходна санкција за безбедност во сообраќајот според која телефонот додека се вози е одговорен за една десетина на телесните несреќи во сообраќајот во Франција и го зголемува ризикот од несреќа за трипати.

Другите мерки, донесени во јануари 2018 година, а исто така стапуваат во сила денеска, максималното времетраење на обврската за возење само возило опремено со алкохолен тест, кое бара да да се дува во етилотестот  и кој го блокира возилото доколку нивото на алкохол во крвта е превисоко, се подига од шест месеци на една година. Оваа мерка е изречена како алтернатива на суспендирањето на возачките дозволи.

Обврската да се обезбедат алко тестови во ноќните клубови е зајакната  и сега ги изложува сторителите на парична казна од 135 евра. А исто така возачите во Франција повеќе немаат обврска да  имаат алкохолен тест во нивното возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот