Француската Лига 1 пред банкрот, веќе е во минус половина милијарда евра

Фраснцуските медиуми објавија дека Лига 1 се наоѓа на работ на банкрот.

Како што наведуваат медиумите, клубовите во Лига 1 до крајот на јуни се очекува да имаат вкупни загуби од дури 540 милиони евра.

Според Медиапарт, само три екипи од Лига 1 до моментот на прекинот на првенството поради пандмеијата на коронавирусот, работеле со добивка, додека останатите 17 екипи се во големи загуби.

Во извештајот се наведува дека еден клуб е во минус од неверојатни 206 милиони евра, а медиумите шпекулираат дека станува збор за шампионот ПСЖ.

Како главна причина за финансискиот колапс на екипите се неисплатените средства од ТВ правата бидејќи сезоната е предвреме завршена. Француската влада најави дека ќе обезбеди нешто повеќе од 200 милиони евра за помош на екипите, но таа сума не е доволна да ги покрие загубите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот