Француска тенисерка удри по својата министерка поради Ролан Гарос

epa07731483 Alize Cornet of France reacts during her final match against her compatriot Fiona Ferro at the WTA International Ladies Open tennis tournament in Lausanne, Switzerland, 21 July 2019. EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Стартот на вториот годинеше грен слен турнир Ролан Гарос е поместен за една недела подоцна поради пандемијата на коронавирусот, но оваа одлуки ги налути тенисерите и тенисерките.

Организаторот на Ролан Гарос по сугестија на француската влада мораше да го помести стартот на грен слем турнирот за една недела, и сега турнирот ќе се одржи од 30. мај до 13. Јуни. Поради оваа одлука, голем дел од тенисерите и тенисерките се принудени да го менуваат својот распоред.

Поради ова, француската министерска за  спорт се најде на уадр на многу критики, а најгласна беше француската тенисерка Ализ Корне.

– Нашата министерка за спорт е ужасна. Извинете што морам ова да го кажам. Немам ништо лично против неа, но таа е некоја која постојано носи лоши одлуки за спортот, изгледа како воопшто не ја интересира што прави Знам дека ова доаѓа од Владата, сигурна сум во тоа. Можно е одлуката да дојде и од самиот турнир, односно организаторот бидејќи слушнав дека мислат оти ќе имаат повеќе гледачи на турнирот доколку го поместат за една недела. Сè уште мислам дека ова е себична одлука која ќе направи дополнителни промени со календарот – изјави Корне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот