Француска полиција: Уапсен 47 годишен маж под сомнение за контакт со напаѓачот во Ница

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Маж на возраст од 47 години е уапсен денеска поради сомнеж за поврзаност со напаѓачот кој вчера уби тројца, а повреди неколку луѓе, во Ница, објави француската телевизија БФМ, повикувајќи се на полициски извори.

Мажот е осомничен дека бил во контакт со напаѓачот еден ден пред нападот. Напаѓачот со потекло од Тунис, за кого е утврдено дека пристигнал во Франција пред неколку дена, вчера изврши убиство врз три лица, извикувајќи „Алаху акбар”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот