Француска министерка: Среќа што Трамп нема поддршка за идејата еднаш да се пушта вода во тоалетите

Фото: Smialowski / AFP / Profimedia

Француската министерка за животна средина Елизабет Борн изјави синоќа дека е среќна што американскиот претседател Доналд Трамп нема поддршка од други земји, во својата нова иницијатива да усвои механизми за заштеда на вода во тоалетите.

Како што објави францускиот РТЛ, Трамп, кој е многу упорен во своите критики за еколошките стандарди усвоени од другите земји, започна нова борба на 6 декември.

– Ние внимателно ги следиме мијалниците, тушевите и другите елементи во бањите. Луѓето пуштаат вода 10, 15 пати наместо само еднаш и така трошат повеќе вода – рече Трамп на средбата со претставници на мали бизниси во Белата куќа, пренесе француската телевизија.

Борн, гостувајќи на РТЛ, рече дека добрата вест е дека Трамп е целосно осамен во својата иницијатива.

– Само САД се залагаат за тие, неверојатно изненадувачки, ставови. Кога САД го напуштија договорот од Париз (за климата), некои како Доналд Трамп предвидоа крај на договорот. Па, со COP25 можеме да кажеме дека не е така. САД преминуваат во контра-насока од историјата, нагласи Борн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот