Француска министерка до „Ербас”: Заштитете што е можно повеќе работни места

Француската министерка за економија Ањес Пениер-Рунахер го повика производителот на авиони „Ербас” да заштити што е можно повеќе работни места, ставајќи ја компанијата под притисок во обид да  избегне принудни намалувања на работни места.

Таа истакна дека „Ербас” треба да користи 15 милијарди евра француски пакет државна помош наменети за заштита на работни места во воздухопловната индустрија.

– Ги повикувам „Ербас” и компаниите со големи нарачки да ја исполнат својата одговорност, имено во рамките на нивните компании да се обидуваат да најдат што е можно повеќе решенија и механизми (да спасат работни места), рече Пениер-Рунахер.

„Ербас” планира да намали до 15.000 работни места поради намалената побарувачка поради кризата со коронавирусот. Компанија одби да исклучи присилно кратење, но понуди да сочува 3.000 работни места во замена за француска и германска поддршка и истражувачка помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот