ФРАНЦИЈА ВОЗНЕМИРЕНА: Расте бројот на деца заболени од рак во Русе

Во околината на Русе, во близината на границата со Швајцарија, регистрирани се десет случаи на рак кај деца, јави дописникот на МИА.

Регионалната здравствена агенција (АРС) за Бургундија Франш-Комте соопшти дека почнала епидемиолошко истражување по откривањето на десет сомнителни случаи на педијатриски карциноми во Горна-Јура. Деца од шест месеци до 13 години кои живеат во општините Русе, Морбие, Морез, Сен Пјер и Преманон.

АРС посочува дека го информирала Јавното здравство на Франција, агенција под надзор на Министерството за здравство, за да иницира епидемиолошко истражување за овие случаи и да побара можно објаснување. На 14 октомври се одржала првата информативна средба за семејствата.

– Во интерес на транспарентност и слушање на семејствата, целта беше да се разговара за пристапот, целите, методите и вклученоста на овие семејства во овој процес, кој сега е во тек, се наведува во соопштението. АРС.

Русе е планинско одморалиште со 3.500 жители.

– Неверојатно, дури и на Франс Инфо (националниот јавен сервис), тие зборуваат за нас. Облакот од Чернобил помина многу одамна и овде воздухот е чист, нема хемиски фабрики. Можеби тоа е поради глифосатот во Аин, изјави една мајка.

Имено, таа го наведе и неодамнешниот случај на бебиња родени без раце во департманот Аин, во близина на Горна-Јура.

РЕМЕРА (Регистарот на малформации во Рона-Алпи) наведе дека осумте случаи на малформации кај бебињата на територија во радиус од само 17 километри се должи на загадување со пестициди или токсини и контаминирана вода.

Француските властите апелираат да не се создава психоза кај граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот