Франција воведува антигени тестови на аеродромите

Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

На француските аеродроми до крајот на месецов ќе бидат воведени антигени тестови, соопшти францускиот министер за транспорт Жан-Батист Џебари.

– Ќе ги воведеме на аеродромите, особено за заминувања во земји како што се САД или Италија и за пристигнувања од „жешки точки”, односно земји со ризик од коронавирус. На овој начин, веќе нема да имаме луѓе кои пристигнуваат од „жешки точки” на француска територија без да бидат тестирани, изјави Џебари за „Си-Њуз“.

– Ќе ги воведеме до крајот на октомври. Целта е да ги усогласиме сите санитарни протоколи кои во моментот имаат одредени разлики, особено во Европа, со помош на антигени тестови, додаде тој.

Големите компании во сектори како туризмот завчера побараа од француската Влада да воведе брзи тестови за коронавирус на аеродромите за да може полесно да се патува.

За антигените тестови нема потреба од лабораториска анализа и резултатот се добива од 10 до 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот