Франција во минатата година со највисок јавен долг од Втората светска војна

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Јавниот долг на Франција лани бил на највисоко ниво од Втората светска војна поради пандемијата на коронавирусот и економската криза што следуваше. Ова го објави француската статистички служба.

– Јавниот долг на Франција во 2020 година е еднаков на 115,7 отсто од годишниот БДП, а буџетскиот дефицит изнесува 9,2 отсто од БДП – највисоко ниво од 1949 година, соопшти Статистичката служба Insee.

Во 2019 година., пред избувнувањето на ковид -19, долгот на француската влада беше 97,6 отсто од БДП, а буџетскиот дефицит беше 3,1 отсто.

Владата очекуваше уште полоши бројки, со дефицит од 11,3 отсто и долг од околу 120 отсто.

Пандемијата ја разби француската економија, која се намали за 8,2 отсто во 2020 година, принудувајќи ја владата да обезбеди огромна деловна поддршка за да избегне банкрот и масовни отпуштања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот