Франција: Владата почна двегодишен експеримент со употреба на марихуана во медицински цели

Француската Влада денеска почна двегодишен експеримент со употреба на марихуана во медицински цели за нејзина евентуална легализација во иднина.

– За време на тој период околу 3.000 пациенти ќе користат препарати на база на канабис со цел да се испитаат позитивните дејства на билката на одредени болести, а нивното лекување ќе го следи државната агенција за лекови, соопшти француското Министерство за здравство.

Пациентите ќе добиваат препарати само на лекарски рецепт и во болничките аптеки, а првиот таков рецепт е издаден денеска во универзитетската болница во Клермон-Феран на југот на Франција.

– Целта на експериментот е да се соберат податоци за ефикасноста и безбедноста на терапијата со марихуана и да се подготви логистика за евентуална идна дистрибуција, соопшти Министерството.

Таков вид на лекување е овозможен за оние кои боледуваат од тешки болести, како рак, нервни заболувања, поедини облици на епилепсија и за лицата на палијативна нега.

Неколку европски држави веќе ја легализираа марихуаната.

Францускиот парламент го одобри проектот уште во 2019 година, но неговата реализација беше одложена поради пандемијата на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот