Франција веројатно ќе мора да влезе во трета блокада заради ширењето на новиот вид на коронавирус во земјата рекол владиниот главен медицински советник за ковид-19.
„Ако не ги заостриме прописите, од средина на март ќе се најдеме во исклучително тешка ситуација. Веројатно ќе мораме повторно да го заклучиме системот“, рекол Жан-Франсоа Делфреси на телевизијата БФМ, пренесува Ројтерс.
„Ова е критична недела, политичарите мораат да одлучат“, додал Делфреси.
Тој укажал дека би било логично новото заклучување да се воведе истовремено со претстојните школски празници во февруари и да ја продолжи паузата за најмалку една недела.
Извор: Блиц.рс