Франција: Расте бројот на новозаболени лица со Ковид-19 и на пациенти на интензивна нега

На 10 август 372 лица беа на реанимација или интензивна нега, односно 28 повеќе отколку на 1 август.

Бројките од Институтот за јавно здравство на Франција укажуваат на зголемување на пациентите примени на интензивна нега поради новиот коронавирус, како и зголемување на стапката на тестирани лица со позитивни резултати, јави дописникот на МИА.

Поради тоа францускиот премиер Жан Кастекс упати директна порака до своите сонародници:

– Го кажувам ова со најголема сериозност, ако не реагираме колективно, се изложуваме на висок ризик од продолжување на епидемијата, што ќе биде тешко да се контролира, рече тој пред новинарите.

Од почетокот на јули, некои бројки за епидемијата повторно почнаа да растат. Стапката на позитивноста се зголемува во целина за да достигне 2,2 отсто минатиот петок. Оваа бројка одговара на процентот на луѓе кои имаат позитивни резултати во однос на вкупниот број тестови (позитивни и негативни).

Друга констатација е бројот на пациентите на реанимација и интензивна нега, кој исто така се зголеми од почетокот на август, откако овие бројки постојано се намалуваа од април. На 10 август 372 лица беа на реанимација или интензивна нега, односно 28 повеќе отколку на 1 август.

Последните денови просечно има околу 1.500 новозаболени лица, поради што француската Влада препорача носење на маски на сите отворени прометни јавни места, како и продолжување на забраната за собири со над 5.000 лица до крајот на октомври. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот