Франција прва што ќе го тестира „ковид сертификатот”

A picture taken on March 3, 2021 in Paris shows a vaccine vial reading "Covid-19 vaccine" on an European passport.,Image: 595164722, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JOEL SAGET / AFP / Profimedia

Франција е првата земја-членка на ЕУ која почна со тестирање на дигитален патнички сертификат за коронавирус, како дел од пан-европската шема за која Брисел се надева дека ќе им овозможи на луѓето да патуваат послободно во рамки на Унијата до летото.

Апликацијата TousAntiCovid, дел од програмата за следење на контакти во земјата, е дизајнирана да складира негативни резултати од тестот за ковид-19 на мобилните телефони на патниците и се тестира на летовите кон Корзика и прекуокеанските области оваа недела, пишува Гардијан.

Процесот ќе биде продолжен од 29 април за да вклучува сертификати за вакцинација, изјавија официјални лица за „Монд” и системот на крајот треба да биде прифатен за јавни настани како што се концерти, фестивали и саеми, но не и за барови и ресторани.

Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, минатата недела изјави дека очекува „дигиталниот зелен сертификат” на ЕУ да профункционира до 21 јуни. Сертификатот е итен приоритет за земјите од Јужна Европа, чии економии беа уништени од пандемијата. Шемата намерно не се нарекува „пасош за вакцинација” за да се избегне дискриминација на луѓе кои се уште не се вакцинирани. Брисел нагласи дека додека го олеснува патувањето, тоа не треба да стане предуслов за слободно движење.

Сертификатот ќе значи дека на патниците нема да им треба карантин и мора да им овозможи да чуваат на своите телефони докази дека биле вакцинирани, неодамна негативно тестирани или имаат антитела по закрепнувањето од ковид-19.

Во Франција, луѓето со тест против коронавирус ќе добијат СМС-порака или имејл што ќе им овозможи пристап до владин сертифициран документ преку интернет, што може да се преземе и печати или зачува во апликацијата TousAntiCovid. Истото ќе важи и за вакцинираните од следната недела, со целосна база на податоци за минатите тестови и вакцинации, која ќе биде отворена да ја преземат сите од средината на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот