Франција оваа недела ќе ги добие првите дози од вакцината на Модерна

Модерна тестира вакцини против ХИВ/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Франција треба да ги прими првите дози од вакцината на „Модерна” оваа недела, соопшти денеска француското регулаторно тело за здравство, додека Владата е на удар на критики поради тоа што вакцинацијата се прави премногу бавно.

Франција почна со вакцинирање кон крајот на декември, како и многу европски земји.

Но, од крајот на декември вакцинирани се само неколку стотици луѓе, за разлика од Германија, каде се вакцинирани десетици илјади и Велика Британија, каде се вакцинирани повеќе од милион луѓе.

-Верувам дека вакцината на Модерна мора да пристигне оваа недела, изјави Доминик ле Гулудек, шеф на Францускиот здравствен регулаторен орган за телевизијата БФМ, додавајќи дека Франција бара дополнителни информации за вакцината „Ковидшилд” на АстраЗенека.

САД ја одобрија вакцината на Модерна на 19 декември, Канада го стори тоа на 23 декември, а Европската унија се очекува да го одобри неделава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот