Франција на прво место според прагот на богатство

Околу 10 милиони луѓе живеат во домаќинства кои поседуваат повеќе од трипати од просечното богатство, односно богатство од најмалку 490.000 евра.

Според извештајот на Опсерваторијата на нееднаквости, независно тело, кога едно лице има месечна нето заработувачка од 3.470 евра со платени даноци и социјални придобивки, односно двапати повеќе од средните лични приходи, може да се смета за богат во Франција.

На тој начин, прагот на богатството би бил 5.205 евра за двојка без деца, 7.227 евра за двојка со две деца, 8.328 евра за двојка со три деца.

Најбогатите еден отсто просечно примаат 15.000 евра месечно. Прагот на влез во оваа категорија е поставен на 6.800 евра.

Според извештајот, околу 10 милиони луѓе во Франција живеат во домаќинства кои поседуваат повеќе од трипати од просечното богатство, односно богатство од најмалку 490.000 евра.

Франција е една од оние земји каде богатите се многу богати дури и кога ќе ги платат своите даноци. Франција е земја во која еден отсто од населението има највисок животен стандард, се вели во извештајот. Во Германија и Велика Британија, богатите се помалку богати. Во Италија, Шведска или Белгија, животниот стандард на супербогатите е дури јасно под нивото на Франција, минимум 5.000 евра месечно (наместо 6.800 евра во Франција).

Како и во Швајцарија, богатите добиваат 5,7 отсто од националниот доход, што ја става Франција на водечка позиција во европските земји според овој критериум.

За 20 години, богатите се одвоија од средната класа. Во 1996 година, разликата меѓу просечниот животен стандард на населението и просечниот животен стандард на најбогатиот е 10 отсто, односно 27.800 евра на годишно ниво. Во 2017 година разликата изнесуваше 36.300 евра.

Според табелата на Опсерваторијата на нееднаквости, без изненадување, најбогатите живеат во Париз и неговата околина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот