Франција: Медицински персонал заразен од Ковид-19 развил привремен имунитет

Медицински лица во Франција / Фото: Архива

Лицата заболени со лесна форма на Ковид-19 се имуни на повторна инфекција барем на краток рок, потврди францускиот институт Пастер.

Резултатите следуваат по студија врз 160 здравствени работници во две универзитетски болници во Стразбур, кои тестирале позитивни на вирусот со благи симптоми, и за ниту еден не требало хоспитализација, јави дописникот на МИА.

– Антитела беа пронајдени кај 159 од 160 лица, изјави за француското радио Франс Интер, професорот Арно Фонтане од Институтот Пастер што ја спроведе таа студија.

Професорот Арнауд Фонтанет, кој ја водеше студијата во Институтот Пастер, рече: „Она што е уште поинтересно е дека баравме неутрализирање антитела за кои знаеме дека обезбедуваат заштита од, да речеме, реинфекција”.

-И тука, еден месец подоцна, ги најдовме во 98 проценти од луѓето кои биле заразени со Ковид-19 – резултати кои се навистина добри вести”, изјави тој.

Засега останува нејасно колкав процент на лица кои се заразиле со болеста развиле антитела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот