Франција: Маж од 300 килограми ќе го извлекуваат од неговиот дом за го оперираат во болница

Фото: L'INDÉPENDANT / PAUL MANGIN

Операцијата е деликатна затоа што операцијата претставува значителен ризик по здравјето за пациентот.

Државните служби заедно со градските и здравствените служби од Перпињан започнаа операција за вадење на маж од 300 килограми, заробен на подот од својот стан веќе шест месеци. Операцијата, за која е потребна голема подготовка, е закажана за во септември, јави дописникот на МИА.

На 15 јули, болниот и неговиот брат апелирале за помош во регионалниот дневен весник за да го извлечат од неговиот дом. Двајцата официјално ја дадоа својата согласност со потпишување на протокол за брза евакуација, предложен од префектурата, што им го донесе нивниот адвокат, пренесува локалниот весник „Л’Индепендант“.

Интервенцијата се најавува дека ќе биде деликатна. За да го извадат пациентот на специфичен носилки, користејќи одредена техника во седечка положба, ќе биде неопходно многу работа. Најпрво ќе биде потребно да се спушти подот, да се зголеми прозорецот, да се отстрани отпадот акумулиран во станот и да се обезбеди маневрирање на опремата за подигнување и брза помош со оглед на тесната улица.

Исто така операцијата е деликатна затоа што операцијата претставува значителен ризик по здравјето за пациентот. Дури и најмалото движење може да биде опасно за него.

По вадењето од неговиот стан, мажот ќе биде лекуван во краткорочно хоспитализирање во специјализирана служба за сериозно дебели пациенти, или во универзитетската болница во Монпелје или во универзитетската болница Тулуз. Потоа, тој за неколку месеци ќе биде префрлен во одделение за понатамошна нега (центар за рехабилитација и исхрана).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот