Франција ќе воведе задолжително носење маски за цело население

Откако неколку недели извршната власт на Франција уверуваше дека маските треба да бидат резервирани за болните и медицинскиот персонал, се чини дека се подготвува сега да го препорача носењето на маски за целото население, јави дописникот на МИА.

На почетокот на кризата, маските се сметаа за корисни само за болните и старателите. Сега, властите во Франција, па дури и во Соединетите држави ја охрабруваат јавноста да носи маски за да се заштити од коронавирусот.

Француската академијата за медицина, во петокот, препорача носење на маска како „логичен додаток на начините на заштита кои во моментов се во сила”.

Неколку часа подоцна, генералниот директор за здравство, Жерем Саломон, ја повтори оваа препорака.

-Ја охрабруваме пошироката јавност, доколку сака, да ги носи овие алтернативни маски што се произведуваат, рече тој за време на редовната конференција за печатот.

Овие алтернативни маски, најчесто изработени од ткаенина, треба да послужат особено како заштита за плунката. Тие се „наменети за населението или оние кои доаѓаат во контакт со многу други луѓе во контекст на нивната професионална активност”. Во моментов се работи на нивна изработка. Целта е да се произведат повеќе од 5 милиони неделно, рече премиерот за време на сослушувањето од пратениците во Националното Собрание од Мисијата за утврдување факти за епидемијата.

-Интересот за овие маски е колективното носење, резимира лекарот Михаел Рохој, ко-основач на страницата „Стоп постијон”, кој дава неколку практични упатства за нивно правење, како што велат, „анти-постијонски (плунка) екрани”.

-Ако сите луѓе што одат надвор имаат екран, веројатноста дека ќе го пренесат вирусот е помала. Се разбира, сè уште постои мал ризик затоа што овие маски не се сертифицирани, но вирусното оптоварување во секој случај ќе биде пониско, и затоа ќе има помали шанси да се развијат сериозни форми, продолжува тој.

Препораката е овие маски да се фрлат после употреба, доколку се изработени од хартија. Ако тие се изработени од ткаенина, да се избегнува контакт со други површини, и треба да се исперат во машина на 60 степени 30 минути или да се стават во рерна на 70 степени на 30 минути.

-Кога се вадат тие треба да се вадат со допирање на лентите за носење и да се избегне допирање на надворешниот дел на маските, каде што паша плунката и добро да се измијат рацете пред и по ракувањето со нив, прецизира д-р Рохој.

За време на неговото сослушување, премиерот Едуард Филип сепак изрази скептицизам за корисноста на маските. Директорот на СЗО за итни програми “вели дека нема докази дека носењето маска кај населението би било од корист. Дури тои и би било спротивно, заради неправилна употреба “, рече тој.

Пред него, тоа го велеше и портпаролот на владата Сибет Ндијаје, па дури и Ањес Бузан, тогашен министер за здравство, која сметаше дека купувањето и користењето маски се бескорисни за целото население.

Но наеднаш се случи пресврт. Според промоторите на генерализираното носење на заштита, овој дискурс првенствено имал за цел да ја спречи пошироката јавност да брза да бара маски кои беа наменети за медицинскиот персонал (хируршки маски и ФФП2, кои заштитуваат повеќе) и со тоа уште повеќе да дојде до израз нивниот недостиг.

Во Соединетите држави, властите исто така ја променија стратегијата и советуваат носење на маски.

Од своја страна, СЗО сè уште се држи до својата првична позиција, плашејќи се дека широко распространетата употреба на маската ќе даде „погрешно чувство за безбедност” и ќе ги натера луѓето да заборават на основните мерки за бариера (социјално растојание, миење на рацете и сл.)

Сепак, нејзиниот шеф, д-р Тедрос Аданом Гебриезус, во средата призна дека продолжила да „ја проценуваат можната поширока употреба на маските”. „Пандемијата се развива, доказите и нашите мислења исто така”, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот