Франција ќе одговори реципрочно на задолжителниот карантин на Велика Британија

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Француските власти изразија жалење поради одлуката на Велика Британија да воведе задолжителен двонеделен карантин за секој кој ќе пристигне од странство, вклучително и од континентална Европа.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ќе одговори со реципрочни мерки.

Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател вчера соопшти за задолжителниот 14-дневен карантин, појаснувајќи дека целта е спречување на ширењето на новиот корронавирус.

Секој што доаѓа од странство, вклучително и британски државјани, ќе мора да биде во изолација 14 дена и ќе мора да наведат каде ќе бидат за тоа временски период.

– Сега, откако го поминавме пикот на инфекцијата, мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно појавување на оваа смртоносна болест, рече Пател на прес-конференција.

За непочитување на таа наредба, следува казна од 1.000 фунти. Карантин нема да биде задолжителен за оние од Република Ирска, возачи на камиони, медицински работници и сезонски работници во земјоделието. Мерката ќе се преиспитува на секои три недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот