Франција ја укина дозволата за лекување на пациенти со хидроксихлорокин
Француската Влада ја поништи уредбата со која им се дозволува на лекарите во болниците да користат хидроксихлорокин за третман на пациенти кои имаат тешки форми на Ковид-19.
Одлуката е донесена откако Светската здравствена организација во понеделникот објави дека привремено ќе стопира со испитувањата на анти-маларичниот лек како решение за новиот коронавирус од безбедносни причини.
Британското медицинско списание „Лансет” објави дека пациентите кои примале хидроксихлорохин имаат зголемена стапка на смртност, неправилни отчукувања на срцето и голем број други разочарувачки резултати на лекот за терапија против Ковид-19.
"On Friday, @TheLancet published an observational study on hydroxycholoroquine & chloraquine & its effects on #COVID19 patients that have been hospitalised"-@DrTedros
— World Health Organization (WHO) (@WHO) May 25, 2020
Овој лек особено го истакнуваше американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци како потенцијален лек во терапијата против коронавирусот. Претсетедателот жестоко го препорачуваше лекот како „божјо чудо“ и „чудотворен лек“ за коронавирус, сам или заедно во комбинација со азитромицин, антибиотик кој е изум на хрватската компанија Плива, а кој кај нас се наоѓа под името „Сумамед“.
Сепак, дека лекот против маларија кој се промовира како потенцијален лек во лекувањето против вирусот Ковид-19, не се покажал како ефикасен против оваа болест, туку напротив, ја зголемил смртноста кај пациентите кај кои е применуван, покажаа анализи објавени уште минатиот месец од американските болници каде бил користен во терапијата. Исто така, и други истражувања тврдат дека „лекот на Трамп“ е бескорисен.