Франција ја проширува употребата на алгоритми за следење на екстремисти

Кибер-криминал/ Фото: ЕПА

Француската Влада го претстави новиот закон за разузнавање и борба против тероризмот насочен кон подобрување на спречувањето напади, вклучително и преку зголемено надгледување на екстремистички веб-страници.

Законот, кој се подготвуваше со месеци, беше официјално презентиран на седница на Владата неколку дена по убиството на францускиот полицаец за време на нападот врз полициската станица. Властите го испитуваат случајот како терористички напад.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен на прес-конференција рече дека законот ќе ги зајакне овластувањата на француските разузнавачки служби за следење на активностите на луѓето преку Интернет. Екстремистите се помалку користат телефони и повеќе интернет контакти, нагласи тој.

Една од мерките ќе ја прошири употребата на алгоритми за следење на екстремистите преку Интернет. Методот се тестира од 2015 година со цел да се следат апликациите за разговор. Дарманен рече дека употребата на алгоритми ќе им овозможи на безбедносните служби да најдат луѓе кои неколку пати посетувале екстремистички страници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот