Франција ја одлага реформата за пензискиот систем што предизвика штрајкови и протести

фото ЕПА

Владата разговара со синдикатите дали да ја подигне возраста за пензија на 62 години, или да зголеми даноци за да го направи пензискиот систем финансиски одржлив.

Француската Влада донесе одлука да ја одложи контроверзната реформа на пензискиот систем барем до крајот на годината, поради економската криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус.

Новиот француски премиер Жан Кастекс објави по денешната средба со претставниците на синдикатот дека ќе се продолжи со реформата на пензискиот систем, но дека владата ќе ги продолжи преговорите за деталите на тој план во наредните месеци наместо да ја заврши во текот на летото, како што беше планирано.

Реформата предвидува укинување на некои права, на пример, железничките работници веќе нема да можат да се пензионираат порано, а адвокатите нема да можат да плаќаат пониски даноци.

Владата разговара со синдикатите дали да ја подигне возраста за пензија на 62 години, или да зголеми даноци за да го направи пензискиот систем финансиски одржлив.

Намерата на Владата да го реформира пензискиот систем доведе до  штрајкови и протести на синдикатите, кои стравуваат дека промените ќе ги принудат луѓето да работат подолго за помалку пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот