Франција ја надмина бројката од 100.000 жртви од ковид-19

Медицински лица во Франција / Фото: Архива

Франција го помина прагот од 100.000 мртви од Ковид-19, јави дописникот на МИА.

Франција денеска го помина прагот од 100.000 мртви од почетокот на епидемијата со Ковид-19, во средината на третиот бран што се уште трае и ги остава отворени прашањата за повторно отворање на земјата од средината на мај.

Преминувајќи ја оваа гранична бројка, Франција им се приклучи на  Велика Британија (127. 000 мртви) и Италија (115. 000 мртви), но другите земји (Белгија, Португалија) имаат поголема смртност по глава на жител.

Според извештајот на француското Јавно здравство во последните 24 часа умреле 300 пациенти во болниците. Ден претходно, бројот на умрени изнесува 99.805 лица. Во моментов се хоспитализирани 30.688 лица, што е помалку од средата (30.868), додека 5.924 пациенти се во одделенијата за критична нега, вклучувајќи 501 кои пристигнале од претходниот ден.

Претседателот Емануел Макрон им оддаде почит на 100.000 жртви на Твитер.

„Ако целата наша енергија е свртена денеска кон излезот од оваа голгота, нема да заборавиме ниту едно лице, ниту едно име”, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот