Франција изгласа закон против исламистичкиот сепаратизам

EPA-EFE/IAN LANGSDON / POOL

Предлог-законот со кој се потврдуваат републиканските принципи, што ќе се разгледува на седницата во Сенатот закажана за 30 март, содржи голем број мерки за неутралност на јавниот сервис, борба против омразата преку Интернет или надзор на образованието кога тоа се прави во семејството, наместо на училиште, јави дописникот на МИА.

Усвоен со 347 гласа „за”, 151 „против” и 65 воздржани, текстот беше поддржан од мнозинството, но опозицијата од десницата го сметаше за премногу слаб, или нерелевантен.

Во неделата, речиси двесте луѓе демонстрираа во Париз против законот за кој се посочи дека ја „зајакнува дискриминацијата кон муслиманите”.

Баран од Емануел Макрон, предлог-законот со кој се потврдува почитувањето на принципите на Републиката, на еден начин се претвора во закон дел од неговиот говор во Ивлин, одржан на 2 октомври 2020 година, во кој детално се наведува неговата програма против исламистичкиот сепаратизам.

Претставен како лек против „исламистичката понуда “, текстот содржи низа мерки за неутралност на јавниот сервис, борба против омраза преку Интернет, надзор над семејното образование – на крај најдискутираната одредба -, засилена контрола на здруженијата, подобра транспарентност на религиите и нивно финансирање, па дури и борба против лекарските уверенија за невиност, полигамија или присилни бракови.

Законот има околу 70 члена и предизвика 80-часовна дебата на пленарна седница и усвојување на 144 амандмани. Законот допира до неколку основни слободи, како што се оние што го организираат образованието или здруженијата, и го менува „тотемскиот” закон за разделување на црквите и државата од 1905 година.

Со објавување на идните мерки во корист на еднаквите можности, извршната власт се чини успеа да ги разбие прекорите на левото крило на претседателската партија, што жали за отсуството на социјална компонента на овој текст, промовиран пред се, како „јавен ред”.

Левицата жали за „едностран” текст што се однесува само на репресивната страна. За пратеничката од редовите на социјалистите, Валери Рабол, законот не дава „одговор на гетоизација”, затоа социјалистите треба да се воздржи од гласање.

Комунистите, исто така, одлучија да бидат воздржани. „Тоа е текст кој вели дека мора да ги почитуваме принципите на Републиката”: тешко е да се гласа против, забележува нивниот портпарол Пјер Даревил. Но, Себастијан Жумел, додава дека му недостасува „арсенал за вооружување на Републиката на нејзината социјална нога”.

Многу поофанзивна во дебатите, групата Бунтовна Франција гласаше против и го нападна текстот кој според нив е за „стигматизација на муслиманите”, генерално ирелевантен за секуларизмот. „Постои (…) училиштен и територијален сепаратизам, но овој текст не се осврнува на тоа”, жали Алексис Корбиер.

Од своја страна, Републиканците требаше да гласаат „речиси едногласно” против „млак, мек, текст за фасада”, според шефот на групата, Дамиан Абад. Десничарите критикуваат дека законот наметнува „секуларизам на недоверба и контрола” без да се решат „миграциските текови, радикализација на универзитетите, на училиште, во затвори или во спортот”.

Во Сенатот, каде законот треба да се разгледа на седница од 30 март, Бруно Ретајо, водач на мнозинската десница, има намера да го отстрани контроверзниот дел за домашно школување, да го воведе концептот на „исламистички сепаратизам” и забраната на превезот во јавни места.

Во Националниот собир, Марин Ле Пен го нападна текстот како „политичко повлекување” – а екстремно десничарските пратеници треба „априори да се апстинираат”, според Себастијан Шену. Таа исто така ги критикува мерките за домашно образование. Во својот контра-проект, пратеникот на Па-де-Кале особено повика на забрана на „исламистичките идеологии” и забрана на „исламистичка облека ” како што е превезот на сите јавни простори, стар предлог на Националниот собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот