Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

epa09243909 Antoine Griezmann (C) of France celebrates with teammates after scoring the 2-0 lead during the International Friendly soccer match between France and Wales in Nice, France, 02 June 2021. EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Актуелниот светски шампион Франција и пред стартот на Европското првенство според светските обложувалници се одвои како најголем фаворит за титулата на овој континентален собир.

Заврши групната фаза, а таму вкупно три репрезентации остварија максимални три победи во своите групи, тие се Италија, Белгија и Холандија.

Познати се осминафиналните двојки, а таму нè очекуваат доста интересни мечеви, секако се одвојува класиката на „Вембли“ во Лондон помеѓу Англија и Германија.

Французите во „групата на смртта“ оствари само една победа, против Германија (1:0), ремизираше со Унгарија (1:1) и актуелниот европски првак Португалија (2:2).

Но, и покрај тоа обложувалниците и натаму им даваат најголеми шанси на Французите (4/1) да ја освојат титулата на Евро 2020.

Следуваат Италија (6/1), Англија (7/1), Германија (15/2), Шпанија (15/2), а најмали шанси им се даваат на Украинците (80/1) и Австријците (100/1).

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Видео на денот