Франција и Холандија се за раздвојување на пакетот Македонија – Албанија

Франција и Холандија не прифаќаат да се одобри датум за преговори за Македонија и Албанија во пакет, пренесе Телма повикувајќи се на извори упатени во министерскиот состанок во Луксембург каде заседаваат министрите за надворешни работи на ЕУ.

Но, три земји се спротивставиле на предлогот Македонија и Албанија да се раздвојат. Тоа се Италија, Грција и Германија се против раздвојување. Точката околу проширувањето е застанала тука и се очекува да продолжи во попладневниот дел од состанокот. Ова ќе биде долга и тешка дискусија, велат дипломатски извори за телевизијата.

За сега, никој од министрите немал забелешки за Македонија, но под условите што како комромис ги нуди финското претседателство. Тоа значи да и се даде датум на Македонија сега, а првата меѓувладина конференција да се одржи во првата половина од идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот