Франција и дава шест месеци на Македонија да спроведе реформи

Француски дипломат вчера вечер ветил дека Париз ќе размисли за почеток на преговори доколку Скопје во следните шест месеци спроведе дополнителни реформи, пренесува агенцијата АП.

Франција бара од Македонија во следните шест месеци да спроведе дополнителни реформи, за да одобри почеток на преговори со ЕУ. Иако не се наведува за кои реформи точно станува збор, агенцијата АП пренесува таков став на висока француска дипломатка искажан вечерва.

Доколку се прифати барањето на официјален Париз, тоа би било ново, трето по ред, одложување на преговорите со Македонија. Наспроти она што го бараше Франција изминативе денови, овојпат не се споменуваат измени во методологијата на преговарачкиот процес, кои постојано беа наведувани како главна пречка од Париз.

Од Албанија, пак, Французите бараат да ги спречи барателите на азил. Доколку се усвои ваков заклучок од самитот, за почетокот на преговорите повторно би се решавало во април следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот