Франција го ратификуваше протоколот за влез на Македонија во НАТО, останува уште Шпанија

Фото: МИА

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на својот Фејсбук профил објави дека и Франција ја завршила ратификацијата на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, па така остнаува уште Шпанија да го стори истото.

„Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Шпанија треба да формира прво влада, по изборите кои се одржаа на 10 ноември.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера не сакаше да прогнозира кога ќе се случи тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот