Франција ги префрлува пациентите со коронавирус во воените болници

Француската армија денеска префрли шест пациенти инфицирани со Ковид-19 во критична состојба  во воена болница, со цел да го намали притисокот врз болниците во источниот дел на земјата, каде има голем број инфицирани лица.

Одлуката за преместување на пациентите на интензивна нега во Тулон, каде има неколку воени болници, е донесена откако лекарите од источните француски градови Милуз и Колмар, каде е епицентарот на кризата, педупредија дека здравствениот систем е пред колапс.

Лекарите тврдат дека во последните три дена постојано доаѓале пациенти кои мора да бидат хоспитализирани.

Франција од вчера е под блокада, откако претседателот Емануел Макрон ги заостри мерките за забавување на ширењето на новиот коронавирус. Мерките дозволуваат граѓаните да излегуваат од домовите за да купат артикли, да одат на работа или да побараат медицинска помош, а воведени се строги гранични контроли и е ограничено движењето на луѓето.

Најпогоден е источниот дел на Франција, каде лекарите пријавуваат 10 нови критични случаи на ден, а недостасуваат опрема и маски.

Франција има околу 67 милиони жители, а има околу 5.000 кревети на интензивна нега ширум земјата. Досега се регистрирани повеќе од 7.500 инфицирни, од кои во Милуз има 1.800 слуќаи и бројот постојано расте за 300 пациенти дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот