Франција, Германија и Велика Британија го предупредија Иран за развојот на балистичките ракети

Франција, Германија и Велика Британија го предупредија Иран дека напорите на земјата да развие балистички ракети кои можат да носат нуклеарно полнење се во спротивност со Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации каде што се бара од Техеран да не презема никаква активност во врска со такви ракети.

Амбасадорите на трите европски земји го повикаа генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш преку писмо испратено до делегациите да го известат Советот за безбедност на ОН во следниот извештај дека иранската активност во врска со балистичката ракета не е во согласност со повикот во Резолуцијата на СБ со која се одобрува нуклеарниот договор со големите сили од 2015 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од тој договор во мај 2018 година, меѓутоа останатите пет земји и натаму ја поддржуваат спогодбата – Франција, Британија, Русија, Кина и Германија.

Во писмото на европските земји се наведува како пример иранската ракета која технички е во состојба да носи нуклеарно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот