Франција е на петто место по број на смртни случаи во светот

Бројот на починати се зголеми за 107, или 0,4 проценти, на вкупно 28.940, со што Франција е на петто место по број на смртни случаи во светот.

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Франција денеска се зголеми за повеќе од 100 за првпат после 13 дена, во момент кога земјата ги олеснува рестриктивните мерки воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19, соопшти француското Министерство за здравство.

Бројот на починати се зголеми за 107, или 0,4 проценти, на вкупно 28.940, со што Франција е на петто место по број на смртни случаи во светот.

Во исто време, според Министерството за здравство, бројот на пациенти во болниците се намали на 14.028 од 14.228, колку што беше вчера.

Бројот на пациенти во единиците за интензивна нега исто така се намали на 1.253 од вчерашните 1.302.

Во болниците се регистрирани 84 нови случаи на коронавирус, додека сè уште нема податоци за домовите за стари лица за последните три дена, со што вкупниот број на заразени со коронавирус се зголеми на 189.304.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот