Франција: Досега 73 заболени од коронавирусот, властите откажаа настани во затворени простории

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Во Франција до 13 часот се регистрирани 73 случаи на заболени од новиот коронавирус, од кои 59 се на болничко лекување, 12 се излекувани и двајца починаа, јави дописникот на МИА.

Бројката ја даде министерот за здравство Оливие Веран, по завршувањето на вонредниот состанок на Владата со претседателот Емануел Макрон. Францускиот претседател го одржа и Советот за Одбрана на кој се расправаше за ситуацијата со епидемијата на Ковид-19.

Од вчера до денеска до 13 часот се регистрирани 16 нови случаи. Меѓу заболените има и три лица кои се од медицинскиот персонал на болницата Тенон во Париз, каде се лекува еден тежок случај на лице заболено од коронавирусот.

-Нашата земја го премина вториот стадиум на утврдената превенција од страна на властите, целта е да се ограничи ширењето на вирусот и да се спречи, колку што е можно повеќе преминувањето во третиот стадиум, за време на кој вирусот може да се прошири и да се движи пошироко во населението, потсети министерот.

Сите спортски, културни и други манифестации на кои има повеќе од 5000 учесници во затворен простор се забранети. Полумаратонот во Париз и последниот ден од саемот за земјоделство во Париз нема да се одржат, како и денешниот карневал во Анеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот