Франција донира 100.000 дози на „Астра-Зенека“ во програмата Ковакс

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Франција овој месец ќе донира 100.000 дози на „Астра-Зенека“ на земји во развој, со што ќе стане првата членка на ЕУ која ќе испрати свои залихи во програмата Ковакс за посиромашните земји, изјави денеска советник на претседателот Емануел Макрон.

Макрон ги повика земјите од ЕУ да испратат пет проценти од сопствените резерви на вакцини во земјите во развој со цел да се запре развојот на нови мутации на вирусот и да се спречи Русија и Кина да добијат дипломатска предност со споделување на своите вакцини.

– Франција ќе промовира европски механизам за споделување на вакцини со Ковакс, изјави советник на Макрон, изразувајќи надеж дека другите земји ќе се посветат на „физичко споделување вакцини со Ковакс”.

Целта на Ковакс, поддржана од Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ) е да обезбеди две милијарди дози вакцини за посиромашните земји до крајот на 2021 година.

Франција се обврза дека ќе испрати 500.000 дози до средината на јуни, нагласи францускиот советник, додавајќи дека првата серија ќе биде испратена наскоро. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот