Франција: Барател на азил уби двајца, а повреди седум минувачи со нож

Барател на азил од Судан, на возраст од 30 години, изутринава нападнал со нож неколку лица во центарот на Ронас-сур-Изер, во департманот Дром, при што убил двајца минувачи, а седуммина повредил, јави дописникот на МИА.

Напаѓачот е уапсен. Причините за неговиот напад во моментот се непознати. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба.

На местото на инцидентот се наоѓаат екипи на полицијата и на пожарникарите.

Истрагата ја врши судската полиција од Лион. Националното обвинителство за борба против тероризам во соработка со Обвинителството во Валанс, „во моментот вршат проценка” дали е потребно да ја преземат истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот