Французите тврдат: Ѓоковиќ, сепак, не може да настапи на „Ролан Гарос“!?

Новак Ѓоковиќ очекува да игра повеќе мечеви во Белград отколку во Монте Карло/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Французите повторно ги менуваат правилата околу пропусниците и можноста за влез во нивната земја, соопштува „Л`Екип“. Се ближи февруари, а никој не знае дали ќе може Новак Ѓоковиќ да ја брани титулата во Париз на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз.

Франција неодамна воведе правило според кое невакцинираните спортисти нема да можат да бараат медицинско ослободување за учество на турнири, потоа пристигна информација дека Ѓоковиќ и невакцинираните сепак можат да играат, под услов мерките да го дозволат тоа пред крајот на пролетта.

Французите дотогаш не беа сигурни што може да се промени, а потоа пристигнаа нови информации. Ѓоковиќ беше позитивен на коронавирус во средината на декември, но ќе се гледа на сличен начин како во Австралија според новите правила од Франција.

Имено, од средината на февруари ќе стапи на сила протокол според кој заразените со коронавирус нема да останат невакцинирани уште најмалку шест месеци бидејќи имаат антитела.

Наместо тоа, тој период е скратен на четири месеци, што значи дека, според „Л’Екип“, Ѓоковиќ би имал заштита до април, па затоа нема да може да игра на „Ролан Гарос“.

Според постоечките протоколи, тој би можел да го стори тоа бидејќи турнирот завршува до средината на јуни, кога истекуваат шест месеци од претходната зараза. Изворот наведува дека е невозможно да се предвиди што ќе се случува во наредните месеци, па не е сигурно дали српскиот ас ќе може да го брани трофејот во францускиот главен град.

Адвокатот на Ѓоковиќ: Против Новак не е поднесена кривична пријава

Протоколот стапува на сила на 15 февруари, но не е исклучено повторно да има некои измени. Само оние што сега ги очекуваме повторно не се охрабрувачки.

Потсетуваме, Ѓоковиќ ја брани титулата откако минатата година во финалето го совлада Стефанос Циципас во пет сета. Тој не можеше да ја одбрани титулата на Австралија опен, односно беше депортиран од Мелбурн токму затоа што не беше вакциниран против коронавирусот, па му беше укината визата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот