Французите имаат интересен „лек“ против мамурлак

мамурлак кафе
Фото: Профимедиа

Французите јадат остриги за празници или за специјални прилики, но во областите каде што се одгледуваат, особено покрај брегот на Атлантикот, постои одамна мислење дека остригите се и природен лек против мамурлак.

„Остригата е комплетен оброк, бидејќи е свежа и совршена за јадење кога сме малку гладни“, изјавил еден одгледувач.

Нутриционистката Ерве Лариел вели дека остригите имаат малку калории и масти, добри се за варењето, но имаат цинк, кој е добар за елиминирање на алкохолот од ораганизмот.

„Консумирањето остриги навечер или ден по славењето навистина има својства против мамурлакот. Но, сепак, најдобро е да се избегнува прекумерното консумирање алкохол за да се избегне оваа непријатна состојба“, рекла Лариел.

„Радио Франс инфо“ советува дека е подобро остригите да се јадат од задоволство, отколку против мамурлак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот