Французи го тужат „ТикТок“, ја обвинуваат социјалната мрежа за самоубиствата на нивните деца

ТикТок / лого / Фото: Worawee Meepian / Alamy / Alamy / Profimedia

Седум француски семејства ја тужат социјалната мрежа „ТикТок“, обвинувајќи ја дека ги изложила нивните деца на штетни содржини, поради што две од нив извршиле самоубиство на 15-годишна возраст.

Во тужбата се вели дека алгоритамот на „ТикТок“ ги изложил седумтемина тинејџери на видеа кои промовираат самоубиство, самоповредување и нарушувања на исхраната, рече адвокатката Лора Бутрон-Мармион. Таа вели дека ова е прва вака групна тужба против кинеската социјална мрежа во Европа.

„Родителите сакаат правната одговорност на „ТикТок“ да биде признаена на суд. Ова е комерцијална компанија која нуди производ на корисници, кои, згора на тоа, се малолетни. Затоа таа мора да одговара за недостатоците на својот производ“, изјави Бутрон-Мармион.

„ТикТок“ ги отфрла обвинувањата дека го оштетува менталното здравје на децата и тврди дека инвестирал во мерки за заштита на младите корисници на апликацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот