Француско истражување: Вакцините се 90 проценти ефикасни против тешки форми на ковид-19

Париз Франција ковид-19 коронавирус маски
Ковид-состојба во Франција / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Вакцинацијата против ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓе постари од 50 години, и се чини дека е ефикасна против делта-варијантата коронавирус, покажуваат резултатите од нова француска студија.

– Ова значи дека вакцинираните луѓе имаат девет пати помал ризик за хоспитализација или смрт од ковид-19 отколку невакцинираните луѓе, изјави за АФП епидемиологот Махмуд Зуреик, кој ја предводи научната група Епи-Фаре, пренесува Бета.

Истражувачите ги споредија податоците за 11 милиони вакцинирани лица постари од 50 години со податоците за 11 милиони невакцинирани лица во иста возрасна група, од 27 декември 2020 година до 20 јули 2021 година.

Од 14-тиот ден по втората доза на вакцината, „забележано е намалување на ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 проценти“, се наведува во студијата.

Ова се однесува на вакцините на „Фајзер/БиоНТек“, „Модерна“ и „Астра-Зенека“, кои се користат во Франција од почетокот на периодот на кој се однесува истражувањето.

Извор: МИА

Лекот „Регенерон“ против ковид-19 пристигна во Израел, но повеќето пациенти го одбиваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот