Француските новинари ги избраа Бензема и тенисерката Гарсија за најдобри во 2022 година

Фото: EPA-EFE/R. Garcia

Карим Бензема и тенисерката Каролин Гарсија се прогласени за најдобри спортисти во Франција за 2022 година во изборот на Здружениото на француски новинар.

Во гласањето учествуваа 3.000 новинари и траеше од 24. ноември до 31. декември. Бензема минатата година ја освои „Златната топка“ за најдобар играч во светот, а на мадритскиот тим му помогна и да дојде до титулата во Лигата на шампионите и Ла Лига.

Францускиот напаѓач поради нови несогласувања со селекторот Дешам го пропушти Светското првенство.

Гарсија пред турнеата во Америка беше на 75. место на ВТА лигата, но годината ја заврши како четврта тенисерка во светот освојувајќи го мастерсот во „Синсинати“. Таа исто така играше полуфинале на УС Опен и го осво изавршниот мастерс во американскиот „Форт Ворт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот