Францускиот претседател е изгубен без обожаваната сопруга: Макрон ѝ се јавува на Брижит на секоj час и половина

Profimedia
Фото: Profimedia

Издавачот на книгата на авторката Гаел Чакалоф добро го темпирал нејзиното излегување, чекајќи ги Французите да се вратат дома од годишниот одмор. Јавноста со нетрпение ги очекува сочните детали кои ќе откријат какво влијание Брижит има врз својот сопруг.

Според авторката на книгата „Сѐ додека сме заедно“, 43-годишниот Макрон ретко дозволува да поминат повеќе од 90 минути без да разговара со својата обожавана сопруга, која има улога на неофицијален советник во донесувањето на најважните одлуки за францускиот народ. Брижит (68) е неговата личност од најголема доверба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Macron Team (@macron_team)

Не можат еден без друг

Чакалоф е „фасцинирана“ од љубовната приказна на брачната двојка Макрон, кои ги запознала пред пет години и со Брижит станала многу блиска. Таа ги следела внимателно во текот на изминатата година и пол. Биографијата ги прикажува како пар кој прави сѐ заедно и кој избегнува да прави што било без знаење на другиот, пренесува „Дејли мејл“.

Анонимни извори блиски до претседателскиот пар, исто така, зборуваат за нивната силна врска и откриваат дека Брижит е исклучиво посветена на успехот на нејзиниот сопруг.

Претседателот на почетокот не бил воодушевен од идејата за пишување на биографија, бидејќи Чакалоф тврди дека била ставена на црната листа од неговиот тим кога ја изнела својата намера да напише книга за претседателскиот пар. Сепак, Брижит застанала зад неа, па новинарката на крајот добила дозвола да ги следи каде и да одат.

Како што ќе каже Брижит

Добро упатени во нивната врска тврдат дека Макрон станува вознемирен ако не може да стапи во контакт со својата сопруга, а ако има ден исполнет со обврски, понекогаш исфрла некои состаноци откако со неа ќе разговара за сѐ. Тоа било најфрустрирачко за нивните советници и асистенти, бидејќи морале да чекаат таа да одобри сѐ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Macron Team (@macron_team)


„Имаат заеднички распоред и точно знаат од минута во минута што прави и каде е другиот. Тие се убедени дека нивната врска во голема мера ја подобрува нивната индивидуалност“, открива Чакалоф.

„Претседателот оди во кревет по разговорот со Брижит која е вљубена во него. Таа понекогаш дремнува и воопшто не слуша што ѝ зборува, но најчесто го чека“, продолжува новинарката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CHARLES POTTIER (@charles.pottier)


Книгата открива и дека претседателската двојка разговара кога и колку може, дење или ноќе. Нејзината канцеларија се наоѓа на женскиот дел од приземјето на Елисејската палата, а неговата е на првиот кат, па често се гледаат.

Брижит откри дека одлуката на Макрон да влезе во трката за претседател била „тешка“ за нивниот однос. Брижит, која беше наставничка во училиштето во Амиен каде учел 15-годишниот Емануел, исто така признала дека била убедена дека Макрон ќе стане „комичар, писател или уметник, а не претседател на државата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот