Францускиот фудбалер Менди го тужи Манчестер сити

Бенжамин Менди/фото: EPA-EFE/PAUL CURRIE

Францускиот фудбалер Бенжамин Менди поднел тужба од „повеќе милиони фунти“ против Манчестер сити поради неисплатени плати, објави денеска „Скај Спортс“.

Поранешниот играч на Сити поднесе тужба до Судот за вработување, барајќи „неовластено одбивање на платите“ откако беше обвинет за силување и сексуален напад во 2021 година. Менди беше прогласен за невин од страна на поротата на повторното судење на судот Честер во јули.

Претходно оваа година Менди беше прогласен за невин за сексуални напади врз голем број жени, но поротата не донесе пресуди за две обвиненија, што предизвика повторно судење.

Менди побара да му бидат исплатени платите што му се должат до крајот на неговиот договор, кој истече во 2023 година.

– Манчестер сити не му ја исплатува платата на Менди од септември 2021 година, откако Менди беше обвинет по различни точки од кои подоцна беше ослободен, додека неговиот договор истекува во 2023 година. Барањето ќе биде поднесено до судот за вработување – изјавија претставниците на Менди.

Во 2017 година Менди пристигна во Сити од Монако за 52 милиони фунти. Со „граѓаните“ успеа трипати да ја освои Премиер лигата, двапати Лига купот, еднаш ФА Комјунити Шилд, а беше финалист во Лигата на шампионите во сезоната 2020/2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот