Француски тенисер ја заврши сезоната поради вакцината против коронавирус

Шарди не може да тренира и на игра откако се вакцинираше/Њујорк, САД/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Францускиот тенисер Жереми Шарди пред време ја заврши сезоната, но не поради повреда туку поради реакција од вакцината против коронавирусот.

Шарди пред неколку дена објави деја до крајот на годината нема да настапува, додека не пронајде решение за својот проблем.

– Откако ја примив вакцината имам проблем. Имав мачнини и одеднаш не можам да играм, а не можам ниту да тренирам – изјави Шарди, а пренесува АФП.

Французинот се вакцинираше помеѓу Олимписките игри и УС Опен, а моментно 73. тенисер на АТП ранг листата откри дека имал остри болки во целото тело секој пат кога ќе се изложи на физички напор.

– Досега бев кај двајца доктори, направив некои тестови за да знам што ми е. Најважно ми е да водам сметка за моето здравје. Одбирам да земам повеќе време за да бидам сигурен дека во иднина нема да имам проблеми пред да се вратам на терените – рече Шарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот