Француски активисти ги наполнија дупките за голф со цемент поради сушата

Суша во Франција
Суша во Франција / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Членовите на колективот поврзан со Extinction Rebellion нападнале два терени за голф во Тулуз, ноќта меѓу средата кон четвртокот. Тие наполниле некои дупки со цемент и ги оштетија тревниците во знак на протест против полевањето на зелените терени, според нив непотребно трошење вода, јавуваат денеска француските медиуми.

Како што пренесува дописникот на МИА, два терени за голф во Тулуз беа цел на активисти од еколошкиот колектив „Кирику”, обвинувајќи ги за прекумерна потрошувачка на вода во екот на сушата.

Оштетено земјиште, дупки наполнети со цемент, поставени знаци на теренот… Цел на активистите беа теренот за голф Гарон, кој се наоѓа северно од градот, и тој на Виј Тулуз, појужно, пренесе радиото Франс Блеу.

Колективот Кирику, составен од членови на неколку здруженија на бранители на животната средина, како што е Extinction Rebellion, потсетува во соопштението за печатот дека „наводнувањето на зелените терени и времето за голф е дозволено како исклучок поради трошоците за одржување на овие многу луксузни терени”.

Мерка која активистите ја сметаат за апсурдна: „Овој жесток чин на саботажа одекнува како потег за директна акција во контекст на непрестајно блабла од политичарите кои никогаш не се осмелуваат да ги донесат потребните одлуки.”

Колективот дава бројка која датира од 2002 година и се однесува на сто терени за голф, кои имаат потрошувачка на вода еквивалентна на онаа на град со 500.000 жители (т.е. 5.000 жители за еден терен за голф).

Голф федерацијата ја осудува скратената дебата во последните денови околу потрошувачката на вода на терените за голф. „Само 1 до 2 отсто од вкупната површина на теренот за голф се наводнува”, потсетуваат од федерацијата.

Директорот на теренот за голф во Гарона, Никола Астие, за весникот „20 минути” се брани од обвинувањата одговарајќи дека само ги полеваат терените. „Тоа се луѓе кои не се добро информирани за нашата потрошувачка на вода: ние ги полеваме само зелените, тоа е област што претставува само половина од фудбалското игралиште. Двајцата менаџери за голф најавија дека ќе поднесат жалба.

Денеска беше откажан фудбалскиот натпревар од Првата лига на Франција меѓу Лориен и Олимпик Лион, поради лошата состојба на зелениот терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот