Француската премиерка: Земјата мора да се подготви за недостиг од руски гас

Елизабет Борн
Елизабет Борн / Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Во своето прво обраќање пред пратениците во францускиот парламент, премиерката Елизабет Борн денеска изјави дека земјата мора да се подготви за недостиг од руски гас.

Борн истакна дека француските политичари ја заборавиле доблеста на компромисот и рече дека „значењето мора да се врати на зборовите“.

Соочена со гласни протести на пратениците лево и десно, таа ги предупреди опозициските партии дека „нередот и нестабилноста не се опција“, јави Франс 24.

Откако политичката опција на Макрон го загуби апсолутното парламентарно мнозинство по изборите во јуни, Борн, како претседателка на малцинската влада, рече дека народот на Франција бара од своите политичари да ги прават работите поинаку и нагласи дека владата предводена од неа и Макрон одговара на тие барања на Французите.

Денешното излагање на премиерот се нарекува Општа политичка декларација и е традиционален политички чин и правило според кое новиот премиер се обраќа на новото свикување на парламентот, во кое потоа детално се анализираат позицијата и плановите на премиерот.

Кога станува збор за приоритетите на Макрон во вториот мандат, една од најзначајните најави беше дека Франција целосно ќе ја национализира компанијата ЕДФ оптоварена со долгови, во која државата поседува 84 отсто од сопственоста.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот