Француската полиција со солзавец ги растера протестите против рестриктивните мерки

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Француската полиција употреби солзавец на демонстрациите против анти-ковид рестриктивните мерки во центарот на Париз.

Во Париз се одржуваат неколку протести против воведување санитарни пропусници во Франција.

На еден од митинзите, полицијата употреби солзавец откако толпата почна да провоцира полицајци. Демонстрантите скандираа „Слобода!“ и фрлаа шишиња кон полицијата. Тие, исто така, извикуваа пароли „Диктатор – во затвор!”, „Макрон, не ни треба твојата пропусница!”

Како што објави претставникот на француската влада Габриел Атал, санитарните пропусници ќе започнат да функционираат на 9 август.

На 12 јули, францускиот претседател Емануел Макрон најави серија нови рестриктивни мерки за ограничување на ширењето на Ковид-19. Меѓу другото, тој најави продолжување на практиката за користење санитарни пропусници, со кои се докажува вакцинација или негативен резултат од тестот за Ковид-19, особено во барови, ресторани, возови на долги релации и авиони. Шефот на Француската Република, исто така, најави воведување на задолжителна вакцинација за лекарите во Франција и сите оние кои работат во болници и домови за стари лица. По изјавите на претседателот на Франција, соодветниот предлог -закон беше подготвен и усвоен од францускиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот